Sunday, February 17, 2013

Сирма војвода - стрип

Во југословенската стрип едиција „Никад робом“ (Nikad robom), македонскиот стрип автор Љупчо (Љубомир) Филипов (Филиповски) ги има објавено стриповите[1]:

  • (NIKAD ROBOM 69) Osveta jednookih (Lj. Filipovski) 1966
  • (NIKAD ROBOM 76) Osvetnik devolskih šuma (M. Janković – Lj. Filipovski) 1966
  • (NIKAD ROBOM 95) Zamke (D. Erić – Lj. Filipovski) 1967
  • (NIKAD ROBOM 105) Sirma vojvoda (I. Jordanovski – Lj. Filipovski) 1967
  • (NIKAD ROBOM 121) Dobrovoljno u smrt (I. Jordanovski – Lj. Filipovski) 1967
  • (NIKAD ROBOM 133) U neprijateljskom osinjaku (I. Jordanovski – Lj. Filipovski) 1968
  • (NIKAD ROBOM 165) Priča o Mirjamu (V. Veljić – Lj. Filipovski) 1968
  • (NIKAD ROBOM 176) U obruču (Lj. Filipovski)  1968
  • (NIKAD ROBOM – CRTANA ŠKOLA 18) Heroji na nožu (Lj. Filipovski) 1970
  • (NIKAD ROBOM – CRTANA ŠKOLA 24) Nekrunisani kralj Kumanova (Lj. Filipovski) 1970

Во овој напис ви го претставуваме неговиот (и на И. Јордановски) стрип „Sirma Vojvoda“ (Сирма Војвода), за истоимената македонска ајдутка:




Во уводниот дел на стрипот пишува:

„Легендарната Сирма

Кон крајот на 18. и почетокот на 19. век ситуацијата во Македонија била многу тешка. Самоволните турски феудалци владееле со своите кралевини како полунезависни господари. Тие имале огромни поседи до кои што доаѓале по насилен пат: било преку одземање на земјиштето од други феудалци или пак од самите македонски селани. Тие големи комплекси на земја ги обработувале селаните со работа под многу тешки услови.
Македонскиот селанец бил посебно оптоваруван и со разни намети кои што турската држава ги пропишувала. Состојбата уште повеќе се влошила  кога тие намети почнале да ги собираат локалните феудалци. Тие од селаните земале многу повеќе од пропишаното. Оној кој што немал доволно пари, плаќал на самоволието на феудалците со сопствената оскудна земја. Така од ден во ден се повеќе растел бројот на потполно осиромашени и упропастени селани.

Во една таква неподнослива ситуација многу од селаните се одметнувале во шумите. Формирале ајдутски дружини и со оружје се спротивставувале на самоволието на турските феудалци. Огорченоста им давало натприродна сила. Ги победувале и многукратно посилните непријатели. Меѓу овие херои чија храброст посебно воодушевува била и една жена, легендарната Сирма.“

Стрипот „Sirma Vojvoda“ е објавен на 14 јули 1967 година.

[1] Nikad robom popis, Forum Stripovi

[Дополнително] „Документи за македонската историја“:

„Легендата за Сирма Војвода би требало да претставува пандан на легендите за Робин Худ во Англија или за Јаношек од чешките планини.

Каде се чуло видело
Моме војвода да одит
Со седумдесет ајдути
По таа Бистра планина
Со три барјаци црвени

Ова се првите стихови од народната песна „Сирма Војвода“ што почнала да се пее во Мијачко откако се раширила веста дека најголемиот водач на ајдуците во тоа време била всушност мома.

Стрипот е пишуван по текст на И. Јордановски и цртеж на Љ.Филиповски и е објавен на 14 јули 1967 година“

No comments: